БИЛИ АЈЛИШ СМЕНИ ФРИЗУРА И ГО СРУШИ РЕКОРДОТ НА СЕЛЕНА ГОМЕЗ НА ИНСТАГРАМ

Њујорк, (Индипендент)

Поп ѕвездата Били Ајлиш го сруши рекордот на пејачката Селена Гомез на Инстаграм откако го покажа својот нов имиџ.

Ајлиш објави фотографија со новата фризура, која претставува голема промена од препознатливиот изглед со црно-зелена коса, што ја обележа првата фаза од нејзината кариера и за шест минути доби милион лајкови. Рекордот досега го држеше Гомез со постот за нејзиниот 26. роденден во 2018, кога доби милион лајкови за 13 минути.

Ајлиш ја напиша насловната нумера за новиот филм за Џејмс Бонд, „Не е време за умирање“, откако лани освои пет Греми награди.