ЧЕТВРТАТА СЕЗОНА НА „БЕЛИОТ ЛОТУС“ ЌЕ СЕ ОДВИВА ВО ФРАНЦУСКА ПАЛАТА ОД 19. ВЕК ПРЕТВОРЕНА ВО ХОТЕЛ

Париз, (Тајм аут)

Снимањето на четвртата сезона на „Белиот лотус“ ќе почне во април и засега не се знаат актерите, но затоа е познато каде таа ќе се одвива. Новата локација на серијата е Шато де ла Месардиер (Château de La Messardière), палата претворена во хотел во Сен Тропе на француската ривиера.

(Фото: Букинг)

Палатата била изградена во 19. век како екстравагантен свадбен подарок на богат трговец за неговата ќерка, која ја трансформирала во луксузен хотел на почетокот на минатиот век. Со реновирањето во 1989 година, хотелот бил спасен од целосно пропаѓање, по што повторно почнал да привлекува богати гости.

(Фото: Букинг)

Раскошниот хотел располага со 86 соби и апартмани, опремени во типичен рафиниран ривиерски стил: сложени тапети, мермерни бањи, рустични плочки на подот, крајбрежно светло дрво и, секако, поглед на морето. Тука се и неколку ресторани кои нудат француска, јапонска, перуанска и италијанска кујна.

(Фото: Букинг)

Според „Вараети“, снимањето ќе се одвива и во хотел во Париз и на други места на француската ривиера и дека дејството делумно ќе биде поврзано со Канскиот филмски фестивал.