Амбасадата на Јапонија објави конкурс за дизајн на лого за прославата на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Јапонија и Македонија. Од амбасадата појаснуваат дека концептуалното решение треба графички и симболично да ги покаже пријателството помеѓу двете земји и заедничките вредности што ги споделуваат.
„Највисоко оценети ќе бидат оние идејни решенија кои ќе бидат едноставни, модерни, но со значење. Изборот ќе биде направен од претставници на јапонската амбасада во Северна Македонија. Секој учесник може да поднесе едно или најмногу три идејни решенија“, кажаа од амбасадата.
Концепт решенијата се поднесуваат на [email protected], не подоцна од 20 октомври.