БЕКАМ ГО ДОВЕДЕ ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО НА ПРЕМИЕРАТА НА НОВАТА СЕРИЈА ЗА НЕГОВИОТ ЖИВОТ

Лондон, (Ројтерс)

Дејвид Бекам ја претвори премиерата на новата документарна серија на „Нетфликс“ во семеен собир откако на црвениот тепих во Лондон го придружуваа сопругата Викторија и нивните четири деца. Наречена „Бекам“, серијата со четири епизоди го следи подемот на бившиот англиски фудбалер од неговите скромни почетоци до една од најголемите спортски ѕвезди на светот.

„Чувствував дека ова е вистинската работа да се направи и дека е вистинско време за тоа. Всушност, сакав нешто на што моето семејство ќе се наврати и навистина да ужива“, изјави 48-годишниот Бекам.

„Кога почна мојата кариера во Манчестер во 1990-ите, наоколу имаше неверојатна музика и неверојатни сцени, а Манчестер јунајтед беше еден од најуспешните фудбалски клубови. Оваа серија ве потсетува на нешто навистина посебно“, додаде тој.

Покрај тоа што содржи досега невидени снимки, серијата навлегува и во тешки и контроверзни моменти од јавниот и приватниот живот на Бекам. Така Викторија Бекам првпат зборува за наводната афера на нејзиниот сопруг со неговата лична асистентка Ребека Лос, велејќи дека тоа ѝ бил најтешкиот период во животот.

„Јас и Викторија сме заедно 26 години. Имаме неверојатни деца, изградивме бизниси, но наоѓаме време еден за друг“, кажа Бекам.

(Фото: Гети)