„ЏИП“ ГО НАЈАВИ НАЈМОЌНИОТ ЕЛЕКТРИЧЕН ВЕЛОСИПЕД ДОСЕГА

Мајами, (Дејли мејл)

„Џип“ го најави својот прв електричен велосипед, тврдејќи дека е најспособниот планински велосипед досега.

Развиен во соработка со компанијата за велосипеди „КваетКет“, тој наводно може да помине 65 километри со едно полнење, а го придвижува електричен мотор од 750 вати. Благодарение на задната суспензија и 4,8-инчните гуми, тој без проблеми може да оди по најекстремните терени, велат од „Џип“.

Не се познати многу детали за велосипедот, вклучувајќи цена и кога ќе се појави во продажба, но дека проектот е сериозен покажува тоа што беше најавен со реклама со Бил Мареј за време на Супербоулот ноќеска.