Масивна пирамида, тобоган и храм што личи на џиновски фрагментиран камен беа меѓу уметничките инсталации на годинашниот фестивал Брнинг мен во Невада, САД.
Десетици илјади посетители кампуваа во пустината во Невада, создавајќи го привремениот град Блек Рок Сити. Волонтери, уметници и дизајнери се собраа за да создадат големи дела, во кои се уживаше заедно со музиката, културните активности и другите понуди на фестивалот, кој е познат по пристапот „направи сам“ и екстравагантни изложби.
Деветдневниот фестивал повторно понуди уникатен спој на радикално самоизразување, заедница и креативност, што го дефинира од основањето во 1986 година.
(Фото: Гурпрет Чавла)