УМЕТНОСТ УНИШТЕНА ОД ПЛИМА – АМЕРИКАНЕЦ ГРАДИ ПЕСОЧНИ МОДЕРНИСТИЧКИ ЗГРАДИ

Њујорк, (Гардијан)

Како и многу други деца, и Американецот Калвин Сајберт пораснал градејќи замоци и кули од песок. Но, кај него, ова отишло подалеку од детска игра.

Сајберт пораснал во Колорадо во 1960-ите, каде што се инспирирал од бруталистичка архитектура.

„Градилиштата никогаш не беа оградени и беа одлични места за игра, бидејќи имаше купови песок“, се присети Сајберт.

Откако дипломирал на Училиштето за визуелни уметности во Њујорк, тој почнал да прави песочни скулптури на модернистички згради, со нагласени остри агли, чисти рабови и разни геометриски облици. Нивниот животен век е краток, додека не надојде плима.

„Иако не сите мои структури наликуваат на згради на Кензо Танге или Пол Рудолф, тоа е нешто кон што се стремам“, вели Сајберт.