ХОЛАНДСКОТО КРАЛСКО СЕМЕЈСТВО ВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ВОЗИ ВО ЗЛАТНАТА КОЧИЈА

Амстердам, (Би-Би-Си)

Кралот Вилем-Александер објави дека членовите на холандското кралско семејство ќе престанат да ја користат историската златна кочија поради нејзината поврзаност со ропството. Критичарите велат дека една страна од кочијата е украсена со слика која го слави колонијалното минато на земјата.

Во неа никој не се возел од 2015 година и оттогаш е изложена во Музејот на Амстердам, но таа традиционално се користеше за да ги превезе холандските монарси на отворањето на парламентот. Овој потег следува додека во земјата се води дебата за нејзината историја.

Контроверзната слика на кочијата е наречена „Посвета на колониите“ и прикажува црни и азиски луѓе, од кои еден клекнат, кои ѝ даваат разни добра на седната бела млада жена, која ја симболизира Холандија.

Вилем-Александер призна дека кочијата е навредлива за голем број луѓе и ја повика земјата да се соочи со своето колонијално минато. Минатата година, градоначалничката на Амстердам, Фамке Халсема, се извини за улогата на градот во трговијата со робови.