ИРИНА ШАЈК ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈДОБАР МОДЕЛ ЗА КОСТИМИ ЗА КАПЕЊЕ НА СВЕТОТ

Њујорк, (Сан)
Swimsuit 2015: Hawaii Irina Shayk NA/NA, Kauai, Hawii 4/28/2014 X158020 TK5 Credit: Yu Tsai

Ирина Шајк победи имиња како Емили Ратајковски и Кендис Свејнпул и беше прогласена за најдобар модел за костими за капење на светот.

Триесет и тригодишната Русинка, која неодамна се раздели од актерот Бредли Купер, заработувала 60.000 фунти од пост на Инстаграм, кадешто се појавува во модели на „Луј Витон“ и „Хунза Г“. Таа се најде на првото место на листата што ја состави брендот за долна облека и костими за капење „Блубела“, кој направи анализа кои ѕвезди имаат најголемо влијание на социјалните мрежи.

На второто место е Алесандра Амброзио, чии постови на Инстаграм во просек собираат околу 150.000 лајкови. Бразилката оваа година лансираше свој бренд за костими за капење „ГАЛ Флорипа“.

Иако има 23,2 милиона следбеници на Инстаграм и знае да собере и два милиона лајкови за пост, Емили Ратајковски е трета. Таа не важи за доволно моќна и влијателна, бидејќи повеќето е нејзините следбеници се мажи.

„За жени, Инстаграм е главен извор на инспирација за изгледот што ќе го имаат на плажа ова лето и затоа супермодели како Ирина заработуваат толку многу. На модните брендови не им важен бројот на следбеници, туку се бараат инфлуенсерки на кои им се воодушевуваат жени“, вели извршната директорка на „Блубела“, Емили Бендел.