Ниа Имани Френклин e првата жена која ја освои титулата на Мис Америка без да дефилира во костим за капење и вели дека ѝ е особено драго поради тоа.

Френклин која на изборот дојде како Мис Њујорк, рече дека промените кои се случија за првпат после 98 години се добредојдена модернизација.

По завршувањето на изборот, новата мисица се пошегува оти е драго што немаше претставување во бикини, бидејќи така можела повеќе да јаде.

„Овие промени ќе бидат одлични за нашата организација. Многу млади девојки ми приоѓаа да ме прашаат како да се пријават и мислам дека се чувствуваат моќно дека не мора да се појават во костим за капење за да добијат стипендија.

Мило ми е што јас не морав тоа да го направам. Сите овие жени на сцената се многу повеќе од тоа“, рече Френклин, која доби стипендија од 50 илјади долари.