Ема Стоун, Леонардо ДиКаприо, Кејт Хадсон и Тимоти Шаламе беа меѓу ѕвездите на доделувањето на британските филмски награди БАФТА во Лондон на 22 февруари.

„Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон освои најмногу награди, шест, меѓу кои и за најдобар филм.

Младиот Роберт Арамајо („I Swear“) беше прогласен за најдобар актер, победувајќи ги фаворитите Тимоти Шаламе и Леонардо ДиКаприо.

Ирската актерка Џеси Бакли доби БАФТА за најдобра актерка за улогата во Шекспировската биографска драма „Хамнет“.


Фото: Пејачките на хитот „Златна“ од филмот „К-поп ловци на демони“