ЛИНДА ЕВАНЏЕЛИСТА СЕ ВРАТИ ПРЕД КАМЕРИТЕ ПО КОЗМЕТИЧКАТА ПРОЦЕДУРА ШТО ЈА ДЕФОРМИРАШЕ

Милано, (Дејли мејл)

Линда Еванџелиста се врати пред камерите за првпат откако козметичка процедура ѝ оставила трајна деформација пред неколку години. Педесет и седумгодишниот супермодел објави фотографија од учеството во последната кампања на „Фенди“, додавајќи дека е многу благодарна.

Еванџелиста, која важи за една од највлијателните манекенки на сите времиња, лани откри дека се повлекла од јавноста поради неуспешниот третман на замрзнување масти попознат како криолиполиза (CoolSculpting).

Еванџелиста се повлекла од јавноста поради неуспешниот третман на замрзнување масти

Причината поради која не работев повеќе од пет години е што останав бутално деформирана од процедурата криолиполиза, која го направи спротивното од она што беше ветено. Таа го зголеми бројот на масните клетки место да го намали, што ме направи непрепознатлива“, кажа Еванџелиста.

Таа била на седум третмани со криолиполиза од август 2015 до февруари 2016, по кои ѝ била дијагностицирана ретка состојба наречена парадоксална адипозна хиперплазија.

Веќе нема да се кријам“, вети Еванџелиста.