МАЈКА МИ ЌЕ БИДЕ ПРЕСРЕЌНА – „ПИПЛ“ ГО ИЗБРА КРИС ЕВАНС ЗА НАЈСЕКСИ МАЖ НА СВЕТОТ

Њујорк, (АП)

Магазинот „Пипл“ го избра американскиот актер Крис Еванс за најсекси маж на светот. Еванс, кој речиси една деценија го играше Капетан Америка, ја презема титулата од уште една ѕвезда на филмовите на „Марвел“, Пол Рад.

Мајка ми ќе биде многу среќна. Таа е горда со сè што правам, но ова е нешто со што навистина ќе може да се пофали“, изјави 41-годишниот Еванс.

Првиот „најсекси маж на светот“ беше Мел Гибсон во 1985 година, а потоа меѓу освојувачите на титулата беа и Дејвид Бекам, Ричард Гир, Идрис Елба, Двејн Џонсон и Рајан Рејнолдс.

Еванс ја почна актерската кариера во 2000 и од суперхероите, прво беше Џони Сторм во „Фантастична четворка“. Штитот на Капетан Америка го презеде во 2011 и го играше во десет филмови.

(Фото: АП)