Утревечер (9 јуни) од 21 часот, во дворот на средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје ќе се одржи модна ревија на учениците од втора и трета година. Свои креации ќе промовират учениците од одделот за текстил и облека. Ревијата е во состав на традиционалната годишна изложба.
„Инспирацијата и полето на истражување на учениците за да создадат уникатни модни концепции беа теми од историја на уметноста, што ќе ги презентираат на ревијата“, велат професорите.
Со свој моден дизајн ќе се претстават Ема Илиевска, Јана Самарџиева, Лина Митревска, Стефан Бјелиќ, Мила Андова, Јана Зориќ, Тереза Тачевска, Мелани Манчевска, Анастасија Јованова, Олга Ѓорѓиева, Шенон Андреска, Тино Наков и Андреа Оливети, Живко Станчев, Арбенита Авди, Николина Костовска и Мила Бошковиќ. Ментор на учениците е професорката Елена Вангеловска, стручен соработник е костимографот Раде Василев, а реализацијата е на Верка Ѓуровска.