КОСА ВО БОЈА НА ОПАЛ Е НАЈНОВИОТ ТРЕНД ВО 2018

Лондон, (Мирор)

Ако сте биле фанови на прамени на сирена во 2017, тогаш оваа година ве очекува нешто уште повозбудливо.

Најновиот тренд на коса во боја на опал докажува дека премногу „виножито“ во вашата коса не е никогаш лошо, а посебно со оваа нова пастел нијанса.

Опал е националниот скапоцен камен на Австралија, минералоид што се формира во пукнатините на камењата и изгледа како комбинација на бисер и на холографска ткаенина. Со раскошни прелевања на розово, виолетово, зелено, жолто и сино изгледа како да е излезен од некој фантастичен свет на чуда.