Тетовчанката Катарина Јовановска и охриѓанецот Јасмин Мустафоски освоија вкупно три титули на меѓународниот избор за убавина Мис и Мистер планет, кој се одржа во Тбилиси, Грузија.
Јовановска е прогласена за трета придружничка, додека Мустафоски освои две титули, четврти придружник и најдобар фотомодел.

За Мис планет 2026 беше избрана претставничката на Романија, додека титулата Мистер ја освои претставникот на Индија.
Катарина и Јасмин се членови на модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој меѓународен избор.