Меланија Трамп немаше проблем да извалка скапи дизајнерски чевли садејќи дрво во дворот на Белата куќа по посетата на претседателот на Кенија и на неговата сопруга.
Никој не очекуваше од првата дама на САД да носи градинарска опрема, но таа пропаѓаше во земјата во комбинација вредна речиси 5.000 долари.
Меланија Трамп ја пречека високата кениска делегација во фустан на „Валентино“ од 3.950 долари, а беспрекорниот летен изглед го дополни со чевли на Кристијан Лубутен, кои чинат 700 долари.
Исто така облечена, таа потоа зеде лопата в раце и помогна да се засади дрво, занемарувајќи ги коментарите на социјалните мрежи.
„Имав чест да придонесам за разубавување на историскиот двор на Белата куќа, засадувајќи примерок на Ајзенхауеров даб“, напиша госпоѓа Трамп на Твитер.