МОДНИОТ БРЕНД „БАРБЕРИ“ ГО СМЕНИ ШЕФОТ ПОРАДИ ПАДОТ НА ПРОДАЖБАТА

САД, (Би-Би-Си)

Модниот бренд „Барбери“ го смени својот шеф поради во обид да се спаси брендот поради намалената продажба.
Компанијата соопшти дека Џошуа Шулман ќе ја преземе функцијата извршен директор, заменувајќи го Џонатан Акеројд, кој го напушта „Барбери“ .
Промената на раководството дојде откако брендот објави остар пад на продажбата, особено во Кина.
Од компанијата рекоа дека е можно да се намалат работните места и дека ако продолжат сегашните трендови, профитот ќе биде под очекуваното, а приходите од малопродажбата паднале за 21% во трите месеци до 29 јуни.
Кетрин Шатлворт, шеф на маркетинг агенцијата „Сави“, рече дека обидот да се придвижи „понапред на луксузниот пазар отуѓи многу од нивните основни потрошувачи кои всушност беа отфрлени од брендот“.