„Најк“ ја дизајнираше својата прва колекција на женска спортска облека за сите фази на бременоста и за периодот по породувањето.
Насловена „Најк (М)“, колекцијата содржи парчиња за трудници како хеланки, широка блуза, кратка блуза и спортски градник кој овозможува доење.

На новата спортска линија се работело три години, при што биле анализирани и споредувани повеќе од 150.000 скенови на бремени и небремени жени, меѓу кои имало и врвни спортистки.
„Колку повеќе разговаравме со трудници или тазе породени жени, сѐ повеќе учевме и работевме на овој дизајн“, изјави Кармен Золман, виша директорка за дизајн во „Најк“.