„Најк“ го редизајнираше спратот за женска спортска облека во својата продавница во Лондон, поставувајќи кукли со „плус сајз“ големина, како и кукли кои асоцираат на параолимписки спортисти.

Целта на куклите со различен тип на тело е на подобар и попристапен начин да се претстават производите за продажба.

Потегот наиде на одлични реакции во јавноста, а „Најк“ соопшти дека „нивната цел е да ги слават различноста и инклузивноста на спортот“.