Групата „Нокаут“ ќе настапи на 14. Саем за венчавки во Скопје, кој ќе се одржи од 20 до 22 февруари во хотелот „Александар палас“. Првиот ден е и традиционалната модна ревија на венчални фустани што ќе ги носат познати личности.
„Саемот за венчавки повторно ги обединува на едно место најрелевантните професионалци од свадбената индустрија. На изложбен простор од повеќе од 1.500 квадратни метри ќе учествуваат над 50 изложувачи. Посетителите ќе имаат можност директно да се информираат, споредуваат и планираат, од венчаници и костуми до декорации, фотографија, музика и целосна организација на венчавка. Саемската програма е збогатена со модни ревии, презентации и тематски разговори, а целиот настан ќе го води водителката и актерка Ангела Апостоловска“, велат организаторите, магазинот „Во бело“.
Фото: Светлана Црнокрак на Саемот во 2024 (Фото: Ѓ. Личовски)