Модните писти станаа сѐ пошокантни изминативе години, но фотографот Хоел Алварес стапна на уште поризична територија кога ги „облече“ моделите само во самолепливи ленти.
Ваквиот изглед беше креиран од модната куќа „Блек тејп проџект“ и претставен на Модната недела во Мајами, наменета за костими за капење.
Декорирани во облик на бикини, моделите излегуваа на писта излепени со ленти што ги прекриваа нивните најинтимни делови.
Идејата потекнува од фотографот Алварес, кој се нарекува себеси „уметник со ленти“. Тој случајно го почнал својот проект во 2008 година, кога една манекенка го замолила да ја фотографира прекриена со изолир трака.
„Таа побара, а јас ја завиткав во црна изолир трака. Кога завршив, изгледаше како две божиќни шунки завиткани во гумени ленти. Никогаш не сум ги покажал тие фотографии. Потоа оваа идеја засвети во мојата глава“, се присети Алварес.
Во прв момент ги нудел своите креации на ноќни клубови во Мајами, а потоа и пошироко, во Франција, Канада, Норвешка и Ибица.
Видеото од снимањето на бивша мис Порторико имало седум милиони прегледи и било споделено 50.000 пати и Алварес вели дека сега прима стотици пораки на Инстаграм секој ден, добивајќи понуди од клубови и од музички фестивали низ цел свет.