ЅВЕЗДИТЕ ПРИВЛЕКОА ВНИМАНИЕ НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ НА ГРЕМИ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Бројни ѕвезди, меѓу кои и Сабрина Карпентер и Хајди Клум, се појавија на црвениот тепих на доделувањето на наградите Греми во Лос Анџелес.

Сабрина Карпентер (Фото: Гети)

Сабрина Карпентер облече тесен фустан со кристали и дијаманти што потсетува на Мерилин Монро. Лејди Гага, која исто така беше номинирана за албум на годината, се врати на пердувестиот изглед како на минатогодишната церемонија.

Џастин и Хејли Бибер беа облечени во црно, пред неговиот повратнички настап на Греми, кога носеше само боксерки на сцената.

Џастин и Хејли Бибер (Фото: Гети)

Јавноста е навикната да ја гледа Хајди Клум во најтесни креации и нејзиниот изглед за црвениот тепих на Греми наградите не беше поинаков. Нејзиниот фустан во боја на кожа привлече многу погледи додека Клум се мачеше да помине покрај фотографите.

Хајди Клум (Фото: Гети)

Фарел Вилијамс ја освои наградата за најдобра рап изведба. Како креативен директор за машка облекаа во „Луј Витон“, тој носеше костум од овој бренд.

Фарел Вилијамс (Фото: Гети)
ФКА Твигс (Фото: АП)