Илјадници граѓани наздравија со шампањско пред кабаре-театарот Мулен руж во Париз, на прославата на 130. роденден на славниот објект на Монмартр. Забавата почна со светлечко шоу, па една танчарка се појави на покривот, следеше огномент во црвена, бела и сина боја, додека 50-ина танчарки облечени во препознатливите костими во истите бои го играа славниот кан-кан танц на улицата пред Мулен руж.
Отворен во 1889, истата година кога била завршена Ајфеловата кула, Мулен руж е една од најатрактивните туристички дестинации во Париз. Секоја вечер има две претстави од по два часа, кои се речиси секогаш распродадени. Театарот е отворен 365 дена во годината.