ФИНСКА Е НАЈСРЕЌНАТА ДРЖАВА НА СВЕТОТ И СЕГА ОВОЗМОЖУВА БЕСПЛАТНО ДА ЈА ПОСЕТИТЕ

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Финска втора година по ред е прогласена за најсреќна држава на светот и за да го прослави тоа, им овозможува на луѓето да ја посетат бесплатно.

Националната туристичка организација „Посетете ја Финска“ ја лансираше иницијативата „Изнајмете Финец“, осуммина локални луѓе кои на победниците ќе им служат како „водичи низ среќата“ и ќе им овозможат да ја запознаат земјата преку нејзината природа. Заинтересираните треба да снимат кратко видео за својата земја, во кое ќе зборуваат за својата љубов кон природата.

Посетата на Финска ќе трае три дена и секој може да избере свој термин и со себе да поведе пријател или член на семејството. Престојот ќе биде сниман и ќе биде искористен за промотивни цели.

Скандинавските земји ги зазедоа првите четири места на листата на Обединети нации, која опфати 156 држави, па зад Финска се пласираа Данска, Норвешка и Исланд, додека Холандија е петта.

Најнесреќна држава на светот е Јужен Судан, пред кој се Централноафриканска Република, Авганистан, Танзанија и Руанда.