ЈАМАЈКА РАЗВИВА ПСИХОДЕЛИЧЕН ТУРИЗАМ И ОТВОРА ЦЕНТРИ ЗА УЖИВАЊЕ ВО МАГИЧНИ ПЕЧУРКИ

Јамајка, (Ројтерс)
Dried psilocybin mushrooms on white surface on black background

Нова група јамајкански ресорти промовира туризам кој нуди мистично искуство и ослободување од стресот преку магични печурки.

И додека печурките кои ја содржат психоактивната супстанца псилоцибин остануваат илегални во најголемиот дел од Европа и САД, владата на Јамајка никогаш не ги забранила и сега се обидува да привлече инвеститори за да изгради своја сопствена психоделична индустрија, која според една проценка, ќе има глобална вредност од 8,3 милијарди долари до 2028 година.

Досега во Јамајка се отворени четири ресорти фокусирани на псилоцибин. Државната агенција за промовирање бизнис можности смета дека психоделиците се начин за проширување на туризмот во земјата.

Во ресортот MycoMeditations во градот Трежр Бич, гостите мора да платат 23.500 долари за еднонеделно искуство, кое вклучува три сесии со печурките. Посетителите лежат на лежалки или на јога душеци и слушаат музика. Групите со најмногу 12-мина луѓе, главно Американци, подоцна ги опишуваат своите искуства во разговори со терапевти и советници.

Речиси половина од учесниците тврдат дека имале мистично искуство и забележуваат намалување на стресот“, вели Џастин Таунсенд, извршниот директор на MycoMeditations.

Придружниот персонал е задолжен да открива знаци на „лош трип“ и може да ги води учесниците на терапевтски начин.

Вакви центри постојат и во Холандија, Шпанија и Костарика. Користењето на псилоцибинот во лекувањето ментални проблеми како анксиозност и депресија и натаму е во фаза на клинички тестирања.

(Фото: Гети)