Гастрономијата во Риека никогаш не била пожива, хрватските и странските гости ги полнат рестораните во потрага по автентични вкусови на Кварнерскиот залив. Туристичките работници и угостителите се обидуваат да ја направат Риека гастрономска дестинација со автентични јадења и традиционални рецепти.
Сето ова е дел од подготовките за 2026, кога на Кварнер ќе му биде доделена титулата Европски регион на гастрономијата, награда за одржлива, локална и културно богата гастрономска понуда.

„Добрата храна ни е многу важна. Кога гледаме дека многу локални жители и туристи доаѓаат тука, јасно е дека ресторанот е едноставно добар. Кога одиме на одмор, сакаме квалитет“, рекоа за Н1 германски туристи.
„Кај нас е живо и весело преку целата година. Очекуваме група Јапонци, нашата добра кујна и добрата понуда се главниот мотив за доаѓање, бидејќи имаме гости кои постојано ни се враќаат“, вели менаџерката на еден од рестораните, Доротеа Лисак.
Риека нуди рибни и вегански ресторани, винотеки, затоа што, според истражувањата на туристичките работници, дури 50 проценти од гостите ја сметаат гастрономијата за важна при изборот на дестинацијата за одмор.
Вкупно 42 ресторани ја добија титулата „Гастрономски пристаништа на Риека“. Овој проект започна во 2022 со цел поврзување на угостителските објекти и градење гастрономски бренд во Риека. Го спроведе Туристичкиот одбор на Риека во соработка со приватна фирма.
Во јуни се забележани девет проценти повеќе гости и пет проценти повеќе ноќевања од лани.
Фото: „Кроација холидејс“