СЕЗОНА Е НА БЕРБА НА „ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ ШАФРАН ВО ЕГЕЈСКОТО ГРАТЧЕ ГОБЛИЦА

Крокос, (Гардијан)

Шафран важи за најскапиот зачин на светот, поради што го има добиено прекарот „црвено злато“. Неговата цена по грам се движи меѓу 6,80 и 8,30 долари на светските пазари, во зависност од сортата.

Малиот грчки град Крокос, чие македонско име е Гоблица и се наоѓа на пет километри од Кожани, буквално живее од ова растение. Тоа му донесе приход и работни места на регионот, кој е попознат по рудници и невработеност.

Повеќето од оние кои работат на полињата со шафран се млади луѓе, кои останале без работа во екот на економскиот крах на земјата пред неколку години.

(Фото: Ројтерс)