ИГОР ЏАМБАЗОВ, КАРОЛИНА, „НОКАУТ“ И „2БОНА“ НА ФЕСТИВАЛОТ „ВКУСИ ГО ЈУГОТ“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Игор Џамбазов со „Гуру Харе бенд“, Каролина Гочева (фото), „Нокаут“ и „2Бона“ се меѓу учесниците на гастрономско-музичкиот фестивал „Вкуси го југот“, кој ќе се одржува од 11 до 13 септември на паркингот кај новиот пазар „Сава Михајлов“ во Гевгелија.

Покрај музичкиот дел, посетителите ќе можат да пробат локални специјалитети, македонски вина и традиционални производи: првиот ден е посветен на ајварот, вториот на смоквите и производите од нив, а третиот на традиционалната ракија.

„Вкуси го југот“ е во организација на Општина Гевгелија и се одржува по четврти пат.

Фото: К. Попов