Кралот Чарлс Трети отвори нова пешачка патека што се протега долж целиот брег на Англија. Долга 4.327 километри, тоа е најдолгата крајбрежна пешачка рута во светот, според „Натурал Ингланд“, владиното тело кое ја создаде.
Патеката „Кралот Чарлс Трети“, која почна да се развива пред 18 години, ќе овозможи да се прошета целото крајбрежје на Англија. Ќе поминува низ некои од најубавите и најразновидни предели во земјата, од солени мочуришта и песочни плажи до карпи, дини и историски градови.
Голем дел од новата крајбрежна рута веќе постоеше, но создадени се повеќе од 1.600 километри нови патеки, а многу други делови се обновени, изградени се дрвени патеки и поставени се мостови. Речиси 80% од патеката веќе се отворени, а остатокот ќе биде довршен до крајот на годината.
(Фото: Би-Би-Си)