УКРАИНА Е ДОМ НА СЕДУМ ЛОКАЛИТЕТИ ОД ЛИСТАТА НА СВЕТСКО НАСЛЕДСТВО НА УНЕСКО

Киев, (АП)

УНЕСКО го крена гласот против уништувањето на украинското културно наследство, додека руските сили продолжуваат со безмилосното бомбардирање на градовите.

Украина е дом на седум локалитети кои се наоѓаат на листата на светско наследство на УНЕСКО, вклучувајќи ја прославената црква „Света Софија“, која е едно од обележјата на Киев. Други локалитети се лоцирани во Лавов и Одеса, а меѓу нив се и буковите шуми во Карпатите и Геодетскиот лак на Струфе.

Мора да го заштитиме ова културно наследство, кое е сведоштво за минатото, но и вектор на мирот во иднината“, изјави генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азулеј.

Таа вели дека работат со украинските власти за да се означат историски споменици и места низ земјата со меѓународно признат знак за заштита.

ЦРКВА „СВЕТА СОФИЈА“ И КИЕВСКО-ПЕЧЕРСКА ЛАВРА (КИЕВ)

(Фото: Гети)

ДРВЕНИТЕ ЦРКВИ ВО КАРПАТСКИОТ РЕГИОН

(Фото: Шатерсток)

СТАР ГРАД НА ЛАВОВ

(Фото: Гети)

РЕЗИДЕНЦИЈА НА МИТРОПОЛИТИТЕ НА БУКОВИНА И ДАЛМАЦИЈА (ЧЕРНИВЦИ)

ДРЕВНИОТ ГРАД ХЕРСОНЕС (СЕВАСТОПОЛ)