„ПЛЕЈБОЈ“ СЕ ВРАЌА ВО ПЕЧАТЕНА ФОРМА ПО ПЕТ ГОДИНИ ПАУЗА

Њујорк, (Пејџ сикс)

„Плејбој“ ќе го објави своето прво печатено издание по пет години пауза, а на насловната страница се најде американскиот модел Лори Харви.

Легендарното списание престана да се печати за време на пандемијата на ковид-19 и минатиот месец најави дека ќе се врати во својата изворна форма.

„‘Плејбој‘ се враќа во својата печатена форма на 10 февруари со Лори Харви на насловната страница“, најави списанието.

Уредникот Мајк Гај кажа дека „Плејбој“ речиси седум децении не беше само списание, туку цело движење.

„Овој број ја слави нашата богата историја и притоа прифаќа храбра нова визија за иднината, мешајќи ја носталгијата со иновативноста за да инспирира нова генерација читатели“, кажа Гај.