Примабалерината Мисти Коупленд и супермоделот Џиџи Хадид се ѕвездите на новиот календар на „Пирели“ за 2019 година, објави компанијата.
Снимен од шкотскиот фотограф Алберт Вотсон во април во Њујорк, календарот ќе раскажува приказна за четири филмски лика, кои, покрај Коупленд и Хадид, се францускиот модел Летиција Каста и 24-годишната американска актерка Џулија Гарнер.
Во снимањето на календарот учествувале и балетаните Келвин Ројал и Сергеј Полунин, модниот дизајнер Александер Вонг и моделот Астрид Елка.
„Идејата на секој календар е дека една слика треба да стои на ѕидот цел месец. Тоа не е книга, па да вртите страници и затоа сакав фотографии кои ќе бидат сложени и повеќедимензионални“, изјави Вотсон.
Коупленд (35), првата црномуреста примабалерина во 75-годишната историја на Американскиот национален балет, игра стриптизета која сонува да биде славна, додека Хадид е богата, меланхолична жена која наоѓа утеха во својот најдобар пријател (Вонг).
Календарот за 2019, 46-ти по ред, треба да излезе во почеток на декември.