ШАКИРА НАСТАПИ НА ФИНАЛЕТО НА СП ВО ФУСТАН НА „РОБЕРТО КАВАЛИ“ СО 200.000 „СВАРОВСКИ“ КРИСТАЛИ

Њу Џерси, (Пипл)

Шакира носеше уникатна креација на „Роберто Кавали“ на настапот на полувремето на финалето на Светското фудбалско првенство. Пејачката настапи во фустан дизајниран од креативниот директор на модната куќа, Фаусто Пуљизи. Костимот беше украсен со повеќе од 200.000 „сваровски“ кристали, а дезенот бил инспириран од зајдисонце. Повеќе од две недели биле потребни за изработка на фустанот.

Создаден да блеска под светлата на стадионот и лесно да ги следи препознатливите танцови движења на Шакира, уникатниот дводелен костим комбинираше боди целосно покриено со кристали и впечатливо здолниште со реси во нијанси на „златниот час“ – портокалова и жолта, со розови акценти. Креацијата беше украсена со специјално изработен дезен „Ray of Sunset“ („Зрак од зајдисонце“), инспириран од легендарниот мотив „Ray of Gold“ („Зрак од злато“) на Кавали. Сите 34 танчари кои настапија со неа носеа креации на „Роберто Кавали“.

„Таа беше во прекрасно расположение инспирирано од портокалово зајдисонце. Тоа беше нејзина идеја, портокалово зајдисонце и интензивно розова боја“, изјави Пуљизи.

Тој додаде дека дополнителна инспирација црпел од своите патувања низ светот.

„За Шакира помислив на еден од моите омилени градови, Мексико Сити, поточно населбата Ла Кондеса, каде што постои прекрасен спој на бои на оригиналните згради“, рече креаторот.

(Фото: Гети)