УМЕТНИКОТ КОВСКИ ПРОМОВИРАШЕ КАЛЕНДАР СО 12 МОДЕЛИ КОИ ГИ ЦРТАШЕ НА ТЕЛАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Уметникот Бојан Ковски го промовираше календарот за 2025 со 12-те модели кои претходно ги црташе на тело. Во ноември, Ковски во живо демонстрираше цртање на тело, на изложбата „Кара“ (Carra), која се одржа во Националната опера и балет (НОБ).

Модели на календарот се Калтрина Круезиу, Ведрана Ѓорѓевиќ, Александар Динев, Ангелина Китаноска, Миа Араби, Антониа Гиговска, Даниел Николовски, Иван Ајнштајн, Никита Сабот, Арџенд Џиџа, Стефан Стефановски и Катерина Попева.

„Календарот е совршен спој на уметност и функционалност. Тој е колекционерско издание кое нуди можност за инспирација и поврзување со уметноста секој ден од годината“, вели Ковски.

Фотографиите се на Бојан Стоилковски, Ани и Дими, Зоран Стојановски-Зонде, Стефан Рајхл, Жарко Чулиќ, Горан Поповски, Александар Врзалски, Филип Пашоски, Богдан Глишиќ, Амел Амед и Антонио Станков.

Фото: К. ПОПОВ