ВИНСКИ САЛОН СО ДЕГУСТАЦИЈА НА ВИНА ОД 30 ВИНАРИИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Утре (28 март) од 14 до 21 часот, во скопскиот хотел „Мериот“ ќе се одржи винскиот салон „ГрандВин 2026“. Организаторите го најавуваат настанот како ревија на нови берби, внимателно создадени купажи и актуелни вина што го дефинираат пазарот.

„Ова е салон отворен за домашни и странски вина, со фокус на квалитет, стил и современа винска сцена. Платформа каде што вината се дегустираат, споредуваат и препознаваат од публика со вистински интерес и професионален фокус“, велат организаторите.

На настанот ќе се дегустираат вина од триесетина винарии и наградени вина од последниот натпревар „Вранец селекција“.