Денес (7 јули) на Скопско лето, ќе се одржи концерт на Ансамблот на народни песни и игри „Орце Николов“ во чест на 80 години постоење на Ансамблот.
Концертот ќе се одрќи во 20:30 часот на Колонадата пред платото на Национална опера и балет (НОБ).
Влезот е слободен.
Ансамблот за народни песни и ора „Орце Николов“, е културно-уметничко друштво основано во Скопје, 1945 година. Формирано е од Синдикатот на металските работници на аеродромот Скопје, со задача да ги афирмира македонските народни ора, песни, носии и обичаи.
Ансамблот „Орце Николов“ во својот фундус има повеќе од 680 народни носии.