Четворицата астронаути од „Артемис 2“ го завршија патувањето околу Месечината и ноќеска безбедно се вратија на Земјата. Тие станаа првите луѓе кои ја прелетаа далечната страна на Месечината и отидоа најдалеку од Земјата досега – 406.711 километри.

Тие не слетаа на површината на Месечината, но нивните набљудувања резултираа со мноштво вредни анализи, податоци и фотографии.

Уште за време на мисијата НАСА сподели неколку спектакуларни фотографии од вселената.




(Фото: НАСА)