ДАНСКА ПОЧНА ДА АПСИ И КАЗНУВА ЗА НЕБЕЗБЕДНО ВОЗЕЊЕ ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ

Копенхаген, (Би-Би-Си)

Данската полиција соопшти дека уапсила 28 луѓе во Копенхаген кои возеле електричен тротинет под дејство на алкохол и лесни дроги. Ова е дел од новата кампања на градските власти кои почнаа да преземаат мерки против небезбедното користење тротинет. Фатените возачи плаќаат казна од 2.000 круни (300 долари).

Електричните тротинети станаа многу популарни во Копенхаген откако сообраќајните правила беа приспособени за нивно полесно користење. Тие можат да се изнајмат преку апликација и да се паркираат секаде во рамките на одредена зона.

Тие од неодамна почнаа помасовно да се користат и во други градови низ Европа, како и во Сан Франциско, Њујорк и Мексико Сити. Минатиот месец, градоначалничката на Париз Ан Идалго објави дека ќе воведе ред во возењето тротинети, откако се зголеми бројот на повредени.

„Ситуацијата е далеку од анархија, но градот мора да воведе ред и правила заради безбедност во сообраќајот“, кажа Идалго.