„ДЕНСЕРС ЈУНАЈТЕД“ СО ИНКЛУЗИВНА ТАНЦОВА ПРЕТСТАВА НА 3 ДЕКЕМВРИ ЗА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Утре (3 декември) од 19 часот, во Македонскиот народен театар ќе се одигра инклузивната танцова претстава „Мјузикл“ по повод Светскиот ден на лицата со попреченост. Ја организира танцовото студио „Денсерс јунајтед“, кое десет години создава инклузивни танцови претстави каде што сите танчари ја слават различноста преку танц, музика и уметност.

Сценариото и режијата се на Сара Кочан.

„Ќе учествуваат повеќе од 200 танчари од различна возраст, кои со своите танцови перформанси уште еднаш ќе покажат и докажат дека танцот е универзален јазик кој ги обединува сите, без оглед на полот, возраста, можностите и способностите“, велат организаторите.