На Скопско лето, вечерва (11 јули) во 20 часот на Амфитеатарот позади Спомен-куќата „Мајка Тереза“ ќе се одигра детска театарска претстава „Штурците и мравките“ во продукција на Театар „Провокација“.
Претставата е мјузикл за детска возраст, која е работена по мотиви од басната „Штурецот и мравката“.
Режијата е на Роберт Ристов, поркај него играат и : Мирјана Поповска-Ристов и Радо Алексовски.
Билетите по цена од 300 денари се во продажба на karti.com.mk а ќе се продаваат и пред почетокот на настанот на влезот.