Вечерва (30 јули) од 21 часот ќе бидат прикажани седум документарни филмови во рамките на Велешко лето. На вечерта насловена „Покрај реката” се најавени наградувани филмови со различни теми.
Проекциите ќе се одржат на кејот на Вардар кај Мало мовче. Ќе бидат прикажани филмови на автори од Италија, Словенија, Канада, Мексико, Хрватска, Израел и Турција.
П. ПЕЧКОВ