ФЕСТИВАЛОТ БАЛКАНСКИ МУЗИЧКИ ПЛОШТАД ПО 14. ПАТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 20 И 21 ЈУНИ ВО ОХРИД

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 20 јуни на плоштадот Долна порта во Охрид ќе се одржат концерт на мултиинструменталистот Даниел Јовески и изложба на фотографии од Охридското Езеро во рамките на фестивалот Балкански музички плоштад.

Продуцентската куќа „Трето уво“ и продуцентот Иво Јанкоски по 14. пат го организираат овој фестивал, кој започна на 3 јуни во Скопје со настап на студентите од штипската Џез академија во „Аудиокултура“.

Фестивалот продолжува на истиот плоштад на 21 јуни со прослава на Денот на Охридското Езеро и концерти на гитаристот Дамјан Пејчиноски и Никола Мицевски на хармоника (фото) и на етно групата „Љубојна“. Гостинка на фестивалот ќе биде пејачката Алба Дајлани од Албанија.