ФРАНЦУСКИОТ КВАРТЕТ „МОДИЉАНИ“ ВЕЧЕРВА НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Охрид, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (15 јули) на Охридско лето ќе има концерт на францускиот квартет „Модиљани“, кој ќе се одржи во црквата „Света Софија“ од 21 часот во рамките на традиционалната Вечер на Европска Унија. Го сочинуваат виолинистите Амари Сојто и Лоик Рио, виолончелистот Франсоа Кифер и Лоран Марфан, кој свири на виола.

Парискиот квартет во 2023 ја прослави својата 20-годишнина и денес важи за еден од најзначајните гудачки квартети, постојано гостувајќи на најдобрите фестивали за камерна музика низ целиот свет. Во 2017 „Модиљани“ беше првиот квартет кој настапил во големата сала на новата Елбфилхармонија во Хамбург.

Квартетот досега има издадено 13 албуми.