ГОРАН ТАНЕВСКИ ОДБЕЛЕЖУВА 40 ГОДИНИ КАРИЕРА СО КОНЦЕРТ ВО МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Култниот македонски музичар Горан Таневски ќе прослави 40 години кариера со концерт во Младински културен центар во Скопје, што ќе се одржи вечерва (20 декември).

Таневски се прослави како пејач на готик рок групата „Мизар“, на која ѝ се придружи во средината на 1980-тите и го сними легендарниот прв истоимен албум во 1988 година.

На претстојниот концерт ќе го придружуваат Александар Таушанов на гитара, Тодор Стефанов на бас гитара, Зоран Павлов на гитара и Дејан Јефремов на тапани, а како гости ќе се појават Перо Стефановски од „Санаториум“, Александар Стефановски од „Конспираси“ и Гордана Котевска.

Во пресрет на јубилејниот концерт Таневски ја објави песната „Параходот“, која е најава на неговиот нов албум „More“.

(Фото: Фејсбук)