ИЗЛОЖБАТА „ЦРТЕЖ, ЕКСПЕРИМЕНТАЛЕН ЦРТЕЖ“ ВЕЧЕРВА СЕ ОТВОРА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (22 мај) во 20 часот, во Националната галерија „Мала станица“ во Скопје ќе се отвори групната изложба „Цртеж, експериментален цртеж“. Изложбата ќе трае до 30 мај.

„На оваа традиционална изложба ќе се претстават цртежи кои претставуваат концепт и длабока рефлексија и отстапуваат од воспоставените норми. Оваа година, уметниците презентираат цртање со нетрадиционални материјали: чад, конец, метална жица, силиконски лепак“, вели проф. д-р Маја Рауник-Кирков, претседателката на Уметничкиот совет на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.