Младите Јапонци не пијат многу алкохол и властите се обидуваат да го променат тоа. Бидејќи помладите генерации пијат помалку алкохол од нивните родители, тоа влијае врз даноците од алкохолни пијалаци, како саке.
Националната даночна служба објави кампања насловена „Да живее сакето“, која пиењето треба да го направи попривлечно и со тоа да се поттикне индустријата.
Новите навики, стекнати во пандемијата на ковид-19, и стареењето на популацијата доведоа до падот на продажбата на алкохол. Новата кампања бара од лицата на возраст од 20 до 39 години да понудат идеи преку кои ќе се зголеми побарувачката на алкохол меѓу нивните врсници, без разлика дали е саке, виски, пиво или вино.
Учесниците во кампањата имаат можност да понудат идеи до крајот на септември. Најдобрите планови потоа ќе се развиваат со помош на експерти, а најдобрите предлози ќе бидат презентирани во ноември.
Последните бројки покажаа дека просечниот Јапонец пиел 100 литри алкохол во 1995, а само 75 литри во 2020, што се одразило и врз приходите од даноците. Во 1980 тие изнесувале 5%, а во 2020 само 1,7%.