„КАФЕ ДЕ АНАТОЛИЈА“ УЧЕСТВУВАА НА САМИТОТ „ФОРБС ПОД 30“ ВО ОХАЈО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Никола Илиев и Моника Илиева, коосновачите на продукциската куќа „Кафе де Анатолија“, ја претставија Македонија на самитот „Форбс под 30“, кој се одржа во Колумбус, Охајо. Настанот ги обедини најуспешните млади лидери, визионери и иноватори од целиот свет.

Македонските учесници беа дел од дискусии, презентации и други активности, заедно со музичарот Алекс Ворен, актерката Лили Рајнхарт олимписката шампионка Суни Ли и многу други.

На самитот беше и Михаела Ѓорчева, основачка на „Киноверзум“ и претставничка на Славјански универзитет,

„Музиката, културата и образованието се мостови кои ги поврзуваат луѓето надвор од сите граници“, рекоа македонските претставници на самитот.  

Под водство на фамилијата Илиеви, „Кафе де Анатолија“ стана европски позната како тим кој успешно ги спојува музиката, културата и претприемништвото и неодамна потпиша договор со „Сони мјузик“.

Продукциската куќа „Кафе де Анатолија“ ја основаа Зоран Илиев, познат како Били Естебан и неговите деца Моника и Никола во 2017, а концептот го имале од 2009. Создаваат органик хаус музика со етно елементи.

„Сега работиме со над 4.000 диџеи и продуценти од целиот свет, меѓу кои Армен Миран, Меркан Деде, Зума Динос и други, односно сите најпознати имиња од органик хаус сцената“, кажа Моника Илиева.

М. ЏАРОВСКА