Во полната камерна сала на Македонскиот народен театар (МНТ), вчера (19 февруари) се одржа 100. изведба на претставата „Кец на десетка“. Комедијата, која ја имаше премиерата во 2017, уште ја смее публиката во МНТ.
Од театарот велат дека претставата и понатаму живее со ист интензитет и сценски ритам, освојувајќи ја публиката одново.

„Ви благодариме што бевте со нас сите овие години. Не ни беше лесно“, рече по претставата актерот Александар Микиќ, кој ја игра главната машка улога.
Тој и Тања Кочовска се брачна двојка во претставата, а нивната ќерка ја игра Нина Деан (Софиа Насевска-Трифуновска). Нејзин партнер е Ивица Димитријевиќ.
Текстот е на Митко Бојаџиски, а режисери се Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов. Извршен продуцент на претставата е Виктор Рубен, сценограф Татјана Блажевска-Христова, а костимограф Ивана Каранфиловски-Уруговска. Автор на аранжманот и продукцијата на насловна нумера „Кец на десетка“, според музика на „Јазу“, е Александар Митевски.
М. ЏАРОВСКА