На 14 јуни од 20 часот, во Чифте амам, објект на Националната галерија на Македонија, ќе се одржи настанот „Вивалдијада“, на кој ќе се претстават млади македонски инструменталисти.
Различни опуси од творештвото на Антонио Вивалди ќе изведат солистите: Војдан Алексовски – фагот, Ема Апостоловска – флејта, Илија Богоев – виолина, Сиена Ангеловска Витли – виолина, Веда Насковиќ – виолина, Елена Чочоска – флејта, Илина Ристова – флејта, Александар Ристовски – кларинет, Илија Јовчев – виолина, Мила Наумовска – виолина и Ева Богоевска – виолончело.
Ќе настапи оркестарот на „Полифонија“, во соработка со ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Влезот е слободен.